Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата им нареди на институциите да ги платат сите долгови за електрична енергија

Владата им нареди на институциите да ги платат сите долгови за електрична енергија

Владата за да ја помогне ликвидноста на комерцијалните снабдувачи со електрична енергија, на синоќешната седница ги задолжи институциите веднаш да ги платат долговите за струја.

„Владата ги задолжи сите институции во надлежност на извршната власт од сопствените буџетски сметки и програми предвидени за набавка на електрична енергија, веднаш да ги исплатат долговите кон добавувачите на струја и одобри да се изврши пренамена на средства од други буџетски ставки каде што има неискористени средства за исплата на долговите за кон добавувачите на електрична енергија“, се вели во соопштението по седницата.

Оваа одлука се препорачува и до институциите кои не се под нејзина надлежност, односно  до институциите на локалната  самоуправа, до Собранието и до Канцеларијата на Претседателот на државата.

Владата вели дека овие мерки се со цел да се помогне снабдувањето со електрична енергија кое се остварува преку комерцијалните добавувачи.

Слично

Поврзани вести