Владата и стопанствениците најавуваат подобра 2014 година
Раст од 3,2 отсто за македонската екомомија догодина предвидува министерот за економија Ваљон Сарачини. Според него, главни двигатели на овој процес ќе бидат извозните компании, јавните капитални инвестиции и странските директни инвестиции. Растот догодина ќе биде поттикнат и од зголеменото кредитирање од банките, смета министерот кој ова го истакна по средбата со неколку претседателите од стопански комори на Македонија.
Оптимизмот на Сарачини се должи на порастот што го бележи македонската економија последните три квартали, но и очекуваниот раст од околу 3 отсто годинава кој е повисок од предвиденото. Друг фактор според него е и најавениот раст во земјите членки на ЕУ.
„И следната година компаниите ќе имаат на располагање нови 100 милиони евра кои ќе се реализираат преку кредитната линија од Европската инвестициска банка, како и 146 милиони евра од Регионалната платформа за поддршка на мали и средни претпријатија. Донесен е нов Закон за индустриски зони со кој се предвидуваат посебни поволности за домашните компании, а формирана е и Работна група со цел да им дадеме поддршка на домашните фирми за да можат да бидат добавувачи на странските компании“, вели Сарачини за кого ова значи нови работни места и намалување на невработеноста .
Ипретседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески се согласува со позитивните прогнози.Од една фаза на песимизам, вели тој, влегуваме во фаза на оптимизам.
Пред Сарачини побара донесување закон за поттикнување на инвестициските вложувања со кој домашните компании ќе добијат стимул во инвестирањето, а успешните менаџери соодветна поддршка од Владата.
„ Ќе иницираме и активност за купување акции во Солунското пристаниште кое во 2014 година треба да се приватизира. Тоа е дамнешна идеја на Стопанската комора“, рече Азески.
За Мендерес Кучи, Стопанската комора на северозападна Македонија , малите и средните претпријатија се столбот на економијата.
„Не треба поголемо внимание да им се дава на странските инвеститори за сметка на домашните. Знаеме колку би можеле да бидат успешни домашните инвеститори доколку би ги имале условите кои им се нудат на странските“, рече Кучи.
Слично
