Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА И ДЕЛ ОД СИНДИКАТИТЕ ВО КЛИНЧ: Протести за зголемените хонорарни давачки?

ВЛАДАТА И ДЕЛ ОД СИНДИКАТИТЕ ВО КЛИНЧ: Протести за зголемените хонорарни давачки?
Над 150 илјади луѓе кои живеат од хонорари ќе бидат опфатени со измените на Законот за задолжително социјално осигурување, за договорите за дело, авторските и другите договори. Иако точната бројка сеуште не се знае, сепак според дел од невладините во јавноста во моментов се оперира за оваа бројка на хонорарци. Новите законски решенија стапуваат на сила за околу две недели, односно од почетокот на следната година. Во јавноста се отворија серија дилеми, дали со плаќањето на придонесите во обид да ги намалат трошоците работодавците ќе ги намалат хонорарите, или во краен случај да одјават дел од своите вработени, дали работникот што освен редовниот работен однос има и ангажман со договор и плаќа по два и повеќе пати за здравствено осигурување ќе добие поголема и повалитетна палета на здравстевни услуги? Од друга страна според дел од експертите, на овој начин се отвора можност, работодавците, вработените што веќе се во работен однос да ги пријават како хонорарци, поради тоа што нема да им се исплати да ги пријавуваат како редовно вработени, бидејќи како хонорарци тие работници нема да ги имаат оние бенефиции што ги имаат кога се во редовен работен однос. -Има голема опасност и оние лица кои се вработени со редовен работен однос да бидат префрлени како хонорарни работници, во тој случај работодавците би биле чисти пред државата и би ги плаќале придонесите за своите вработени, но ќе можат да им кршат доста права од материјална и нематеријална природа, вели Здравко Савески од НВО Солидарност. Министерот Спасов доби ултиматум, или средба или протести Во oбид да ја натераат Владата ги повлече измените, дел од синдикатите, невладините и граѓанските здруженија му поставија ултиматум на министерот за труд и социјална работа Диме Спасов,  ако до вторник не ги повика на средба на која ќе образложат зошто бараат повлекување на законот, ќе излезат на протести.  Потписниците на Повелбата за солидарност, Синдикатот на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ, синдикатот на УПОЗ, левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“.Во барањето за средба со Спасов нагласено е и укинувањето на највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите од плата која сега изнесува 6 просечни плати. -Подносител на измените на законите со кои се бара плаќање на придонесите за хонорарите е министерството за труд и социјална политика, а не министерството за финансии, со тоа Владата сака да покаже дека ја интересира заштитата на работниците и работничките права. И порачуваме на Владата да престане да глуми дека ги штити работничките права. Овој закон ќе има два ефекти, прво дополнително осиромашување на лицата кои се во прикриен работен однос и второ ќе ја отвори пандорината кутија за кршење на работничките права. Затоа и побаравме средба со министерот Спасов, на која ќе бидат повлечени овие контра работнички измени во законите, ако не тогаш ќе превземе следни чекори меѓу кои и протести. Бидејќи состојбата е алармантна а и стапувањето на сила на законот е наскоро, затоа рокот што го дадовме е до вторник. Министерите се тука за да го слушнат гласот на народот нас не не интересираат нивните обврски, сакаме инта средба ако не, тогаш ќе има голем протест, вели Савески. Сепак потписниците на повелбата велат дека може да се согласат и на измени на некои од спорните членови од Законот, но само доколку има слух од Владата. Во меѓувреме веќе по социјалните мрежи се организира протест против законските измени за плаќање на придонеси за хонорарите. Протестот е закажан за следниот понеделник на 22 декември, а ќе се одвива по следната рута: Собраните, Министерство за труд и социјална политика и Влада. Владата не попушта Ставот на надлежните е дека измените се согласно европските правила, а Владата е децидна дека примената на законот нема да се пролонгира. -Законската регулатива која се носи е резултат на превземање на добри искуства кои што постојат во најголемиот дел од европските земји кои што соодвтено таму се применуваат. Законот е донесен и стапува на сила од почетокот на следната година, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Дека владата е одлучна да го спроведе законот, докажува и активната вклученост на министерството за труд и социјална политика во обука на работодавците. Во петокот, министерството организираше затворен семинар за обука на фирмите како да ги вршат пресметките за придонесите за хонорарите. -Не треба обука, било каква обука на работадвците не можат да ја издржат непоправливата сложеност на сите процедури.Така што толку е се тоа искомплицирано, што едноставното решение е повлекување на законските измени.Владата во моментов одбива да ги слушне граѓаните и тоа го покажува и со прашањето околу екстерното тестирање за студентите, и одбива да ги слушне реакциите за давачките за хонорарите. Ако владата одбива да ги слушне граѓаните се поставува прашањето дали таа е власт на една демократска земја или на недемократска? Сето ова ќе доведе и до невидена бирократија и трчање кое ќе се бара од граѓаните  по институции, тоа не може да резултира со зголемување на продуктивноста на трудот во Македонија и е контрапродуктивно, вели Савески. Според дел пак од  бизнисмените ваквото решението, наместо да ја зголеми вработеноста, ќе ги зголеми тршоците на фирмите , ќе се намалат хонорарите, и крајно ќе ги принудат да даваат откази. Според проценките на бизнисмените, со новите законски измени, трошоците на работодавачите за ангажираните лица со авторски договори или како хонорарци ќе се зголемат за 35%. Дел од бизнисмените сметаат дека со законот ќе се намали злоупотребата на хонорарците, но сепак укажуваат  дека законот треба да важи за сите и да не се ослободуваат од плаќање поединачни категории на граѓани. Кој се подлежи  на законот, а кој е ослободен? Со законските измени се опфатени договорите за дело, авторските договор, други договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичкото лице остварува приход кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата. [button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2014/12/02/faktor-i-nova-konsalting-prijateli-na-vashiot-biznis/" ]Фактор и Нова Консалтинг: Пријатели на Вашиот бизнис![/button] Обврската за плаќање на давачките ќе важи и за физичките и за правните лица. Иако законското решение предвидува да се плаќаат давачи за хонорари повисоки од годишната минмална плата, сепак обрската за пријавување на дополнителните приходи во ПИОМ ќе важи за сите, без разлика на висината на дополнителните примања. Според образложението на ПИОМ, еве кој се поддлежи на плаќање придонеси за хонорарите повисоки од минималецот: -Лице кое нема осигурување, а има договор кај едно правно лице, придонесите ги плаќа фирмата -Оние кои немаат осигурување а имаат договори кај повеќе правни лица, физичкото лице сам си ги плаќа придонесите. - ЛицЕ кое веќе е осигурано по основ на работен однос во една фирма, а има договор за дело или авторски договор со истата или со друга фирма во износ повисок од минималната плата поединачно за секој договор, тогаш придонесите си ги плаќа физичкото лице. -Лице кое е во осигурување од работен однос и има договори кај повеќе правни и физички лица, чиј поединечен износ е под минималната плата, а збирниот износ ја надминува минималната плата, придонести си ги плаќа осигуреникот. Правила за плаќање на придонесите има и за лице резиденти на Македонија кои имаат договори со странски исплатител , како и за странските лица кои добиваат исплати од македонски фирми. Еве кои категории се објаснувањето на ПИОМ, oслободени од плаќање придоенсе се: -Примања на професионални спортисти (премии, трансфери), -Примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции (избрани и именувани лица), -Надоместок по основ на стипендии, -Договори за јавна работа кој ги склучуваат единиците на локалната самоуправа, -Договор за закуп, -Волонтерство согласно со закон, -Надоместок за судии, поротници, вешти лица, и стечајни управници, -Надоместок за врвни спортисти, -Договор за дело, авторски договор и друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичко лице – корисник на пензија според прописите од пензиското и инвалидско осигурување не подлежат на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување. Во јули годинава Владата експресно по скратена постапка ги донесе измените на петте закони за работни односи, за придонеси од социјално осигурување, за пензиско и инвалидско осигурување, за здравствено осигурување и Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност. Ј.С
Слично

Поврзани вести