Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го зголеми опфатот за субвeнционирање плати

Владата го зголеми опфатот за субвeнционирање плати

Поголем број луѓе оваа година ќе добијат субвенции за плати. 

Се зголемува опфатот за субвeнционирање плати од 1.624 на 1.974 лица. 

Владата денеска на  седница ја усвои Информацијата за ревидиран Оперативен план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година.

Наместо 361,288,000 за оваа мерка ќе зголемат средствата на 441,088,000 денари. 

„Активните програми за вработување и услугите на пазарот на трудот имаат за цел да ја зголемат вработливоста на невработените лица преку различен вид на програми и мерки со обезбедување поддршка за креирање нови работни места, обуки, работно ангажирање, како и обезбедување услуги на невработените лица“, наведува Владата. 

Дополнителните средства ќе бидат обезбедени од нереализираните средства од останатите мерки кои беа донесени за намалување на невработеноста.

Слично

Поврзани вести