Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го утврди законот за одгледување медицински канабис, 10 отсто од продажбата одат за државата

Владата го утврди законот за одгледување медицински канабис, 10 отсто од продажбата одат за државата

Предлог-законот со кој ќе се овозможи одгледување канабис за медицински цели.помина на синоќешната владина седница, а 10 отсто од парите од продажбата ќе одат директно за државата, без разлика на остварената добивка, односно независно од платениот ДДВ. Како што информира владината прес-служба, со овие средства Владата ќе донесува посебна програма за нивната намена и начинот на користење во која приоритет ќе имаат лековите за ретки болести и други приоритети во здравствената заштита.

Заради надгледување на оваа дејност, ќе биде формирана Агенцијата за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели, како самостоен орган на државната управа со својство на правно лице, 

Законот ќе биде ставен на јавна расправа, а Владата, покрај тоа што ќе заедно со Министерството за здравство ќе дава дозвола за работа, ќе ја одобрува и секоја измена во сопственичката структура на правните лица.



Слично

Поврзани вести