Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го разреши раководството на фабриката Колска

Владата го разреши раководството на фабриката Колска

Владата на денешната, 90-та седница, ги разреши управителот и членовите на Надзорниот одбор на фабриката за шински возила „Велес“, ДООЕЛ – Велес (во јавноста позната под називот Колска).

На седницата е констатирано дека раководството на фабриката покажало негативни финансиски резултати во работењето и покрај тоа што на овој субјект е доделена финансиска поддршка од страна на Владата.

74 вработени од „Колска“ од Велес  протестираа пред Влада, затоа што сметката им е блокирана поради неплатен данок. Вработените два месеци не земале плата и покрај тоа што имаат фактури за наплата. Бараат деблокирање на сметката за да може фабриката да работи. 

Слично

Поврзани вести