Владата го препорача за директор, МЖ Инфраструктура трет месец нема абер да го изгласа
Управниот одбор на Јавно претпријатие за Македонски железници Инфраструктура трет месец по ред не може, или не сака да го именува Фестим Халили.за свој директор, иако Владата тоа го препорача уште на 24 јули по претходен предлог на ДУИ како дел од таканаречената „метла“.
Во моментов во дирекцијата на ЈП за железничка инфраструктура сѐ уште директор е Ирфан Асани, додека помошникот директор за општи работи во ова јавно претпријатие, Невзат Мамути, за „Мета“ изјавил дека е на боледување, а претходно бил на одмор.
Самата одлука за разрешување на Ирфан Асани треба да ја донесе управниот одбор на МЖ Инфраструктура, а функцијата да ја превземе Фестим Халили, но оваа владина препорака до денешен ден не е спроведена. Халили потврди дека сѐ уште не е назначен за директор, а за сите дополнителни прашања за работењето на железницата упатува на одговори кај актуелното раководство.
