Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го објави договорот за „Јужен тек“

Владата го објави договорот за „Јужен тек“
Министерството за финансии денеска на својата веб страница (http://www.finance.gov.mk/files/u1/Spogodba_so_RF_za_Juzen_Tek.pdf) го објави договорот со Руската Федерација за вклучување на Република Македонија во гасоводниот проект „Јужен тек“. Договорот со Руската Федерација, Македонија го потпиша на 23-ти овој месец во Москва, а двете страни оценија дека тој е добра основа за интензивирање на економската соработка меѓу двете земји. Со договорот се обезбедуваат сигурни количини гас за Македонија, што значи дека ќе се изгради крак кој ќе води кон земјава, што е единствен начин на дистрибуција на поголеми количини гас. Кракот кон Македонија ќе доаѓа од Србија или од Бугарија, што доплнително ќе биде договорено. Договорот е основа за натамошен развој на гасификацијата во Македонија, а значаен е и за економскиот развој на земјата бидејќи во иднина сите домаќинства и индустриски капацитети ќе можат да имаат пристап до природен гас.  
Слично

Поврзани вести