Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата го лиши БЕГ од земање кредити од банките

Владата го лиши БЕГ од земање кредити од банките

Балкан Енерџи Груп не може да подигне кредит за инвестирање кај деловните банки, откако Владата одлучи да му ја додели топловодната мрежа на Град Скопје, тврди претпријатието во новиот петтгодишен инвестициски план што го достави до Регулаторната комисија за енергетика.

Мрежата е во сопственост на државата, но БЕГ како лиценциран концесионер има обврска да ја проширува и одржува. Во меѓувреме Владата му ја додели на Град Скопје, кој го формираше претпријатието Градски енергетски системи, кое пак чека лиценца од РКЕ за да може да започне да работи.

Самото претпријатие вели дека остварувањето на планот ќе зависи од достапноста на банкарските инвестициони кредити и од „нормалната бизнис клима за реализација на проектите“. Инаку лиценцата за работа редовно истекува во 2047 година.

„Инвестициите кои се дел од проектот за оптимизација на дистрибутивниот систем преку интеграција на дистрибутивната мрежа беа планирани да се реализираат во текот на ремонтниот период 2018 и 2019, но поради одлуката на Владата за давање на трајно користење на дистрибутивната мрежа на Град Скопје и поднесеното барање за лиценца за вршење дејност дистрибуција на топлинска енергија од страна на ГЕС АД до Регулаторната комисија за енергетика, покрај важечката лиценца за дистрибуција на топлинска енергија на ДТБЕ, банките ги стопираа постојните договори за инвестициони кредити со кои требаше да се финансираат овие проекти“, се вели во петгодишниот план на друштвото.

Од таму додаваат дека до враќањето на довербата во банките, средства за задолжителното одржување ќе наоѓаат од годишната амортизација на мрежа и надоместоците за создавање на технички услови во дистрибутивниот систем. Од БЕГ сепак велат дека овие средства нема да бидат доволни за петгодишните инвестициски обврски доколку банките не се подготвени да кредитираат.

Градоначалникот Петре Шилегов неодамна рече дека Град Скопје нема да отстапи од намерите да ја превземе дистрибутивната мрежа и дека 750 колективни згради се уште не се, а треба да бидат приклучени на парно-греењето.

А.К.

Слично

Поврзани вести