Владата ги продолжи роковите за легализација на дивоградби
Се продолжува рокот за достава на елаборатите за легализација на дивоизградени објекти одлучила Владата на последната седница.
Министерот Мисајловски и Трпевски од агенцијата за катастар на недвижности соопштија дека рокот се пролонгира до 31 март 2016 години, а граѓанте кои поднеле барање може да достават геодетски елаборати до 31 декември 2016 година.
Пролонгираниот рок според надлежните се прави во интерес на граѓаните да ги легализираат бесправно изградените објекти, и тие очекуваат нови барања во текот на следната година.
Првичниот датум за легализација беше до 31 декември а досега се доставени 360.000 барања. Од нив 175.000 се поднесени елаборати, додека 135.500 барања се запишани во катастарот и легализирани.
