Владата ги објави кандидатите за изградба на „Чебрен“, меѓу нив и „Пауер Чајна“ од која Заев побара помош за набавка на вакцините
Владата по синоќешната 53-та седница ја објави листата на конзорциумите кандидати за концесија од хидроелектрични централи на Црна Река (ХЕЦ Чебрен) кои ја поминаа првата фаза за евалуација, а меѓу нив е и Пауер Чајна, за која премиерот Зоран Заев пред три дена спомена дека и била побара помош за побрза набавка на кинеските вакцини.
Условите од претквалификацијата ги исполнуваат ЕNКА – COLIN – Турција; PPC – ARCHIRODON – Грција; EDF – Франција; COBRA - COBRA HIDRAULIKA – Шпанија; EVN AG - VERBUND – Австрија; WEBUILD SPA ITALIA (SALINI) – Италија; GEZHOUBA GROUP – Кина; POWER CONSTRUCTION CORPORATION OF CHINA – Кина; и OZALTIN - YAPI MERKEZI – Турција.
„Врз основа на оваа евалуација, Владата ја задолжи Комисијата за спроведување постапка за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектрични централи на Црна Река во рок од седум дена да ги информира сите девет конзорциуми што ја поминаа оваа фаза на претквалификација дека е им одобрено да ја продолжат постапката во втората фаза“, информира Владата.
