Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата ги намалила трошоците за апетисани за 30 отсто

Владата ги намалила трошоците за апетисани за 30 отсто

Ивица Томовски, директорот на Службата за општи и заеднички работи, објави дека трошоците за набавка на апетисани се намалени за 30 отсто, без да прецизира за колкава сума станува збор и дали ова се однесува само на Владата, или пак за сите државни институции.
„СОЗР постојано работи на намалување на непотребните трошоци и подобрување на одговорното работење. Со новите мерки, значително ги оптимизираме трошоците за набавка на пијалоци и апетисани во сите државни органи“, соопшти Томовски.

Во 2022 Владата одлучи да потроши 7.658 евра на апетисани, со тоа што за килограм ф'стак се плаќаше скоро 15 евра, со барање ф'стакот да е прва класа, печен во јатка, да биде солен и пакуван во најлонска ПВЦ амбалажа. Во оваа набавка на Владата покрај ф'стаците, влегуваа и бадемите кои исто така треба да се прва класа, нелупени, печени, солени и спакувани во најлонска ПВЦ амбалажа, потоа лешниците кои треба да се без лушпа, печени и непечени. Индиските ореви исто така треба да се прва класа, печени  и солени, како и црвени кикирики прва класа, без лушпа и непечени. 


Слично

Поврзани вести