Владата еднострано го раскина договорот за концесија со „Скопски легури“ во Стогово
Владата на седницата одржана на 29 септември донела одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација со „Скопски легури“ на минералната суровина манган на локалитетот „Стогово“.
Договорот со операторот Владата го потпиша во 2013, а инвестицијата требаше да донесе бенефит за општините Дебарца, Кичево и Девар. Договорот еднострано се раскинува пооради неплаќање на концесискиот надоместок.
„Скопски легури“ пред седум години понуди најповолна понуда за доделување на концесија за експлоатација на манган и најавуваше раст на македонскиот БДП и подобрување на стандардот на локалното население во западна Македонија и тамошниот економски развој.
Од уплатата на концесиските надоместоци од страна на корисникот, 78 отсто од износот беше приход за општините, додека 22 проценти за Буџетот на државата.
На локалитетот Стогово утврдени се околу 15 милиони тони рудни резерви со просечна содржина на манган од 24,4 проценти.
