Владата е спремна да направи заштеди во буџетот од 3,1 милиони евра
- Во насока на донесување на Буџетот, а со оглед дека работата на Комисијата за финансирање и буџет и на Законодавно-правната комисија е блокирана денеска позитивно писмено се изјаснив за 44 амандмани од кои 33 поднесени од СДСМ, шест од пратеникот Изет Зеќири од НДП и пет од ДПА, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на прес-конференцијата во Собранието на Република Македонија.
Ставревски истакна дека 44. амандмани се во вкупен износ од 191 милион денари од кои 154 милиони денари за амандманите поднесени од СДСМ, и по 18,5 милиони денари за тие од пратеникот Зеќири и од ДПА.
- Ова е најголем број на прифатени амандмани од еден министер за финансии при донесувањето на буџетите во последните 20 години, како по број така и по износот на средствата. Тоа ја покажува нашата желба за компромис, рече Ставрески.
Тој нагласи дека написмено доставил известување во однос на сите 1.225 амандмани до Вељаноски и до сите координатори на пратеничките групи кои се поднесители на амандманите.
Додаде дека верува оти предлогот ќе наиде на разбирање кај опозицијата и ќе се отвори можност за забрзување на процедурата и донесување на Буџетот, бидејќи има произнесување за секој поединечен аманман од страна на министерот за финансии, со што се отвора можност за повлекување на амандманите и да продложи разгледувањето на буџетот на пленарна седница.
Одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека координацијата е се уште во тек и оти поради тоа не може да коментира дали овјо предлог е прифатлив за опозицијата или не, притоа апелирајќи на конструктивност и разумност за компромис.
- Министерот за финансии и Владата можат да покажат конструктивност и разумност и да се изјаснат по секој поединечен амандман, да прифатат амандмани како што во случајов направивме. Тоа покажува кој сака да дојде до решение и до компромис. Останува на СДСМ и на другите партии да се изјаснат по тоа прашање, рече Ставрески и додаде дека секогаш има деловнички начин ако се има политичка волја за да се излезе од ситуацијата
Слично
