Владата денеска се задолжува со 37 милиони евра!
Со нови 37 милиони евра, Владата денеска планира да се задолжи од домашните кредитори. Според објавените Проспекти на Министерството за финансии, станува збор за аукција на државни записи, во вредност од 35 милиони евра и една аукција на државна обврзница во вредност од 2 милиони евра со рок на доспевање од 5 години.
Според последните податоци на Министерството за финансии, Владата на домашните кредитори по основ на државни хартии од вредност должи скоро 1 милијарада евра.
Иако државата ги намали каматите што ги нуди за хартиите од вредност, интересот за нивно купување не забави, што се толкува како последица на сеуште присутните ризици во економијата. Имено, банките, кои се и најголемите домашни кредитори, за да ги елиминираат ризиците, наместо за кредитирање, слободните пари и натаму ги пласираат “пасивно“, во трезорот на Владата, за што им се исплаќа камата.
Поради големиот интерес за откуп на државните хартии од вредност, на аукциите се почесто реализацијата, односно откупот е поголем од понудата. На ваков начин, државата обезбедува пари кои најчесто ги користи за враќање на доспеани долгови, но и остануваат и дополнителни суми на пари кои се користат за тековни буџетски финансирања.
Најголеми кредитори на домашен терен се банките, пензиските фондови и осигурителните компании.
Утре, по основ на веќе допеани хартии од вредност, Владата на кредиторите треба да им исплати скоро 37 милиони евра.
Слично
