Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата даде зелено светло за законот со кој даночните должници ќе се ставаат на тапет

Владата даде зелено светло за законот со кој даночните должници ќе се ставаат на тапет
Владата го усвоила законот со кој јавно ќе се објавуваат имињата на должниците и отиистиот  ќе биде проследен во собраниска процедура, информира денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. - Ќе се овозможи Управата за јавни приходи и Царинската управа да објавуваат листи на најголеми должници на своите веб страници при што на таа листа ќе бидат сите неплаќачи на данок. Јавно ќе се објавуват имиња на граѓани кои должат над две илјади евра, како и фирми кои должат над пет илјади евра, изјави Ставрески, при денешната посета на Дојран. Владата го предлага законот со цел јакнење на даночната дисциплина. Ќе се објавуваат имињата на сите должници кои должат повеќе од 90 дена, односно за долг над 2 илјади евра за физички лица, и над 5 илјади евра за правни лица по основ на даноци, царини, акцизи и придонеси. Имињата на неплаќачите ќе се објавуваат јавно на веб страницата на надлежните институции најдоцна до 10-ти во месецот, по групи на долгови. Даночниот должник неколку дена претходно ќе биде информиран дека доколку не го подмири долгот, ќе се најде на листата на должници.  
Слично

Поврзани вести