Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА ДА СЕ ОБВРЗЕ И ДА НЕ ГИ ЗГОЛЕМУВА ДАНОЦИТЕ: Азески во посета на прехранбени компании

ВЛАДАТА ДА СЕ ОБВРЗЕ И ДА НЕ ГИ ЗГОЛЕМУВА ДАНОЦИТЕ: Азески во посета на прехранбени компании

НАЈГОЛЕМ РИЗИК ВО МОМЕНТОТ  Е ДА НЕ СЕ ПРЕЗЕМА НИКАКОВ РИЗИК. ВО СВЕТ КОЈ СЕ МЕНУВА СО ОГРОМНА БРЗИНА, ЕДИНСТВЕНА СТРАТЕГИЈА ШТО Е ГАРАНЦИЈА ЗА НЕУСПЕХ Е ВООПШТО ДА НЕ СЕ РИЗИКУВА


Стопанската комора на Северна Македонија цени дека би било добро да се разгледа можноста и да се обврзе Владата до крајот на годината да не воведува нови даноци или други давачки за приватниот сектор, вели претседателот на комората Бранко Азески. Тој денеска има средби со компании од прехранбената индустрија, а разговорите се за ауктуелната криза. Азески вели дека се знае дека во вакви услови е тешко, но дека тоа е единствено решение. Првиот човек на комората разговараше со претставници на компании во Марино и Кадино.

„Исклучително е значајно да се напомене дека во секојдневната комуникација со компаниите, преовладува нивното инсистирање дека е момент во којшто треба да им се помогне, но треба да се помогне и на државата, која исто така се судира со проблеми. Токму затоа се бара засилување на јавно-приватниот дијалог, избегнување на носење закони по скратена постапка. Пораките кои се упатуваат до владата се следни:

Да направи максимални напори да обезбеди енергенси во доволна количина, по секоја цена за да не запре производството. Владата да направи максимални напори за стабилизирање на цените на домашниот пазар бидејќи потрошувачката е исклучително важна, но и сузбивањето на сивата економија. Да направи максимални напори да ја одржи ликвидноста на целата економија. Владата мора, врз основа сознанијата на реалниот сектор т.е. на капиталот, да издвои приоритети во и онака скромната  акумулација за интервенции на краток рок. Тоа значи да се држат потиснати на страна инфлаторните очекувања, а средствата да се насочат не хоризонтално, туку вертикално. И ние како и Владата сметаме дека треба да се таргетира помош за ранливите категории, но не за секој и секого како досега, изјави Азески.

Тој вели дека извесноста која ја бараат е потребна заради драстичниот раст на цените, а некаде и недостиг од суровини неопходни за производство, што е проблем во глобални рамки и е незивесен. Тоа, според комората може да доведе до нарушување на ликвидноста на компаниите, а затворање на капацитетите и отпуштање на вработените.


„За компаниите членки на комората, независно од кој регион или од кое здружение произлегуваат, дефинитивно најголем проблем е скапата струја, која се набавува на слободниот пазар по берзански цени, поради кои сметките им се зголемени за три пати. Договорите за јавни набавки кај компаниите од различни сектори склучени на подолг рок со фиксни цени доведува до проблеми во реализацијата на веќе склучените договори, но и неучество на новите. Пакетот на закони со кои се настојуваше да се зголемат работничките права и со тоа да се мотивираат вработените полека како да се претвора во кочница на работењето на компаниите, кои и онака се во исклучително тешка ситуација. Максимално внимание на надлежните институции околу прашањето за инфлацијата која може во ваквата ситуација да направи најмногу штета, додава Азески.

Стопанската комора на Северна Македонија продолжува да ја следи ситуацијата на терен меѓу оние кои го создаваат доходот затоа што тие се во моментов најреални податоци врз кои може да се гради економска политика во вакви услови. 


Азески беше во Grand Foods Corporation која е целосно македонска инвестиција во прехранбената индустрија која започна со работа во ноември 2015 година. Специјализирана за производство на кроасани и колачи, оваа приватно поседувана компанија е формирана од страна на професионалци со истакнато искуство и знаење присутни во продажно-дистрибутивните канали на македонскиот пазар цели 30 години, зад името ГРАНД – ЕКСПОРТ Скопје.

Во фабриката се инсталирани машини, опрема и технологија од најновата генерација на најпознатите германски, италијански и швајцарски производители. Целокупниот процес на производство е автоматизиран,а  капацитет е 200.000 вегански кроасани и суви колачи на ден. Со ова фабриката се издвојува како најголемиот капацитет за производство на кроасани во Европа, и единствени вегански трајни кроасани. Благодарение на најсовремената опрема за производство на ниво на цела македонска прехранбена и кондиторска индустрија и примената на оригинални рецепти и вкусови препознатливи за купувачите, производството е ориентирано не само кон домашниот пазар, туку и кон извоз ширум светот но еден од најголемите пазари кои моментално ги држиме се Еврпските земји.


Во фабриката се имплементирани ХАСАП системот за безбедна храна, Халал и ИФС стандардите .

Моментално производите ги извезува во Србија, Косово, Бугарија, Чешка, Унгарија, Италија, Шведска, Австралија и други.

Кадино Индустри Груп пак е семејна компанија со 30 годишна традиција. Стручните лица во компанијата редовно ги следат локалните и светските берзи за житарици и работат на проценките како цените ќе се движат во иднина. Ова е важен сегмент во работењето. Постојано се работи на подобрување на дистрибуцијата, како во малопродажниот сектор, така и во големопродажниот и HORECA секторот. Досега компанијата ни еднаш не учествувала надржавен тендер за продажба на своите производи туку строго работи само со приватниот сектор. Моментално компанијата пласира свои производи во Македонија, Словенија, Швајцарија И САД. Поголемиот дел од производството сепак е наменет за домашен пазар со тенденција за зголемување на извозот.

Азески беше и во Пекабеско АД која е една од водечките македонски компании за производство на сувомеснати производи, дистрибуција на храна и цигари. Примарната дејност на Пекабеско е составена од три сегмента; производство на сувомеснати производи, дистрибуција на различни брендови прехрамбени производи и дистрибуција на цигари. Дистрибуцијата на различни брендови е клучна дејност на Пекабеско. Компанијата ги дистрибуира следниве брендови, Dijamnat масло за јадење, маргарини и мајонези, Звијезда-маргарини и масла за јадење, Хопла-слатка павлака, Есва-замрзната риба, TDR-rovinj -цигари.

Покрај дистрибуцијата на спомнатите брендови Пекабеско во 1998 година започна со производство на сувомеснати производи под брендот Пекабеско. Денес палетата на сувомеснати производи опфаќа најразлични видови трајни, димени и полутрајни сувомеснати производи.

Слично

Поврзани вести