Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата да размисли уште еднаш за законот за хонорарци додека штетата не е направена

Владата да размисли уште еднаш за законот за хонорарци додека штетата не е направена
Со новите законски измени невозможно е да се најде модел кој би ги ублажил последиците од зголемените даноци, а како резултат на тоа неминовно ќе се створи голема нетрпеливост помеѓу работниците што ќе резултира со намален квалитет и желба за вложување, се вели во отвореното протестно писмо што филмските работници денеска го испратија до Владата на Република Македонија во врска со измените со кои се предвидува плаќање  на придонеси на хонорарците во филмската дејност. Тие побараа од Владата да размисли уште еднаш за последиците  кои може да настанат од овој закон додека штетата се уште не е направена. „Ние, филмските работници на Република Македонија сме крајно загрижени за ефектите кои ќе ги предизвикаат законските измени за плаќање на придонеси на хонорарците врз филмската дејност. Како начин на функционирање филмот е природно врзан со хонорарното работење и најголем дел на луѓето кои ја сочинуваат фелата се хонорарци. Со новите регулативи филмаџиите стравуваат дека крајниот исход ќе биде неминовно намалување на и онака скромните средства кои се заработуваат во текот на годината“, се вели во писмото на филмските работници. Според нив ваквата одлука е непремостлив јаз кој многумина ќе принуди да ја напуштат филмската дејност и да побараат егзистенција на друго место. „Филмот е благородна но и тешка уметност, и за да се истрае, ние филмаџиите работиме со силно чувство на заедништво. Доколку повредите еден, сте ги повредиле сите“, се вели во дописот на филмаџиите до Владата.  
Слично

Поврзани вести