Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата да почне со исплата на субвенции – бара Форумот на слободоумни патриоти

Владата да почне со исплата на субвенции – бара Форумот на слободоумни патриоти

Од Форумот на слободоумни патриоти ја повикуваат Владата да прекине да ги лаже земјоделците и да почне со исплата на ветените субвенции.

„Со години ве слушаме како се фалите дека давате субвенции, но суштински на терен работите стојат поинаку. Од нашите посети можеме да заклучиме дека со години ги лажете земјоделците и ненавремено или нецелосно им ги исплаќате субвенциите. Во период кога престои жетвата и кога земјоделците имаат зголемени трошоци поврзани со нивната работа, нехумано е со месеци да не им исплаќате субвенции и да ги манипулирате луѓето“ - велат од Форумот на слободоумни патриоти. Тие велат дека скапо платените реклами во режимските медиуми нема да ја подобрат состојбата на земјоделците.
Слично

Поврзани вести