Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата да ги обештети сточарите за штетите од „јазлеста кожа“

Владата да ги обештети сточарите за штетите од „јазлеста кожа“

Пратеникот и претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство во Собранието, Панче Орцев, денеска беше меѓу жителите на селото Висока Маала во струмичкиот регион.

Тој објаснува дека веќе еден месец трае агонијата на сточарите кои маки мачат со болеста „јазлеста кожа“ кај добитокот. Непрофесионалноста и незаинтересираноста на институциите на државата се закануваат сериозно да го уништат добиточниот фонд во Република Македонија како и млекопроизводството, смета Орецев.

„Еве се наоѓаме во селото Висока Маaла каде што секојдневно умираат говеда по шталите и каде што се носат на кланица. Како што е најавено за утре ќе бидат одземени над 120 говеда и ќе бидат однесени во кланица и ќе бидат убиени. Болеста опасно се шири и во останатите региони во државата. Се затвораат фарми, плачат сточари чија што основна егзистенција им е одгледувањето на добиток. Агенцијата за храна и ветеринарство ситуацијата ја смирува со декларативни заложби и лаги дека вакцините ќе бидат набавени до 20 мај. Лажат, бидејќи 20 мај помина, а вакцините се уште ги нема“-  вели Орцев.

Тој додаде дека поради неспособноста и аматеризмот на одговорните лица во Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство, не се планирани, ниту денар во буџетот на Република Македонија за вакви проблематични кризни ситуации. „Бараме Владата веднаш да ги обештети сточарите и да ги плати говедата така како што треба, со записници кои што ќе одговараат на реалните состојби и договори меѓу сточарите и одговорните лица, инспекторите од Владата и Агенцијата за храна и ветеринарство. Да бидат обезбедени средства за покривање на сите загуби и да бидат обезбедени средства за загубите од падот на цената на млекото. Млечната криза веќе е очекувана. Бараме сериозност од институциите во справувањето со болест „јазлеста кожа“ додека сè уште може да се спаси нешто и да им се помогне, пред се, на сточарите“ - рече Орцев.

Вели дека хаосот во земјоделството и сточарството го направи оваа Влада и таа треба да одговара за состојбата во која денес се наоѓаат земјоделците и сточарите.

Слично

Поврзани вести