Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата чека потврда од Собранието

Владата чека потврда од Собранието
Собранието на денешната седница ќе го разгледува изборот на нова македонска влада. Пред десетина дена мандатарот Никола Груевски го достави списокот со предложени министри и Програмата за работа на Владата, за кои треба да се изјасни законодавниот дом. На почетокот на седницата, се очекува Груевски да ја образложи Програмата за работа на Владата. Новиот владин кабинет ќе има 26 члена со што ќе биде меѓу најголемите во регионот. Дури седум ќе бидат министри без ресор, а четворица потпретседатели на Влада. Претходно, Груевски најави дека во фокусот на новата Влада ќе биде економијата и интеграциите во НАТО и ЕУ. Почетокот насобраниската седница е закажан точно напладне.
Слично

Поврзани вести