Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДАТА БЕЗ ОДГОВОР: Ќе го потпише ли Македонија најавениот договор за слободна трговија со САД пред враќањето на царините?

ВЛАДАТА БЕЗ ОДГОВОР: Ќе го потпише ли Македонија најавениот договор за слободна трговија со САД пред враќањето на царините?

Најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија ќе биде меѓу првите што ќе добие договор за слободна трговија со САД засега останува само на збор – пет дена пред враќањето на царините кои ги донесе американскиот претседател Доналд Трамп, не се знае дали таков договор ќе се потпише и дали државата ќе добие реципроцитет, откако се укина царината на стоките кои од САД доаѓаат кај нас.

„Моите очекувања се позитивни и како резултат на средбата со господинот Грир, но и моите телефонски разговори кои што ги имав со државниот секретар за трговија, Хауард Лутник, така што очекувам да бидеме исто така меѓу првите земји во светот кои што ќе добијат таков тип на договор со САД“, рече Мицкоски на 2 јуни.

Фактор испрати прашања до владата, дали и кога би се потпишал најавениот договор, но одговор не добивме.

Трамп пак, најави дека ќе испрати официјални писма до одделни држави, во кои детално ќе бидат наведени тарифите што ќе ги плаќаат за да имаат пристап до американскиот пазар.

Александар Тодески


Слично

Поврзани вести