Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата без коментар за суспензијата на „главниот“ телохранител на Груевски

Владата без коментар за суспензијата на „главниот“ телохранител на Груевски
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на новинарско прашање за суспензијата на шефот на тимот за обезбедување на премиерот Никола Груевски, Дејан Митровски-Урко одби да даде повеќе детали за причините, наведувајќи дека нема што да додаде на изјавата од портпаролот на МВР Иво Котевски. МВР претходно ја потврди информацијата за суспензијата на личниот телохранител на Груевски, која ја нарече „интерна постапка“, но за причините за ваквата одлука упати на адреса на Владата. Дневниот весник „Дневник“ вчера, повикувајќи се на свои извори, објави дека причина за суспендирањето на Д.М. е недоволна посветеност и непочитување на професионалните стандарди поврзани со угледот на вработениот, како и намален фокус на обврските. Инаку, Митровски е познат кик-боксер и е вработен во Шестата управа на МВР задолжена за физичко обезбедување на важни државни претставници и објекти.
Слично

Поврзани вести