Економија, финансии, бизнис

Контакт

Владата бара нов заем од домашните кредитори!

Владата бара нов заем од домашните кредитори!
Владата повторно се задолжува на домашен терен. Според објавените Проспекти на Министерството за финансии, од домашните кредитори бара заем од 2,7 милиони евра. Се работи за продажба на обврзници со рок на доспевање од три, десет и петнаесет години. Најголем дел од парите или 1,3 милиони евра треба да ги обезбеди преку продажба на обврзници што ќе се радолжуваат по 10 и 15 години. Со ребалансот на Буџетот 2015, Владата направи сериозни промени во структурата на задолжувањата. Имено, во првата буџетска верзија, Владата на домашен терен планираше да се задолжи со 84,3 милиони евра, но со ребалансот оваа сума се зголеми на 383,6 милиони евра. Домашни извори на финансирање: Буџет 2015                           84,3 милиони евра Ребаланс на Буџет 2015  383,6 милиони евра. За разлика од домашните задолжувања, Владата со ребалансот предвидува намалување на задолжувањата од странство. Странски извори на финансирање: Буџет 2015                            262,7 милиони евра Ребаланс на Буџет  2015     70,5 милиони евра Заклучно со јуни, вкупниот Јавен долг изнесува 3,92 милијарди евра или 43,7% од БДП, одека Бруто надворешниот долг надмина 6,2 милиајрди евра, и според овој криетриум, Македонија е во групата на високо задолжени економии.
Слично

Поврзани вести