Владата бара на заем 42,5 милиони евра за да врати 41 милион!
Ново задолжување на Владата. Според објавените проспекти на Министерството за финансии, државата денеска од домашните кредитори планира да позајми 42 520 325 евра. Се работи за две аукции на државни записи со рок на доспевање од 364 односно 182 денови.
По основ на доспеани обврски, утре Владата на домашните кредитори треба да им врати 41 милион евра.
Според најновите податоци на ресорното министерството, заклучно со септември внатрешната задолженост изнесува 1,62 милијади евра и на крајот од третиот квартал во споредба со состојбата на крајот од вториот квартал, има намалување за 18 милиони евра.
Надворешниот долг во истиот анализиран период изнесува 1,97 милијарди евра и кај него е регистрирано зголемување за 13 милиони евра. Вкупниот јавен долг, со вклучен долг на јавните претпријатија, на крајот од септември изнесува 3,94 милијарди евра.
На домашен терен и натаму најголеми владини кредитори се банките, на кои опаѓа половина од внатрешниот долг, зад нив се пензиските фондови и осигурителните компании.
Слично
