Влада: СДСМ направи штета и врз ИПА фондовите блокирајќи ги институциите
Со мотивите и целите на одлуката најдобро е запознат органот кој ја донел таа одлука, вака Владата во Скопје ја коментира одлуката на Европската Комисија која најави стопирање на повеќе од 27 милиои евра пари од ИПА Фондовите за Македонија.
Сепак, од Владата посочуваат дека не се работи за санкции, туку за намалување на програмирани средства.При тоа додаваат дека за таквиот потег има два аспекти, од кои едниот внатрешен, а другиот надворешен.
„Внатрешниот е поврзан со фактот дека повеќе од една година лебдеше спроведување на избори. Во тој период институциите беа политички хендикепирани преку блокирачки механизми во неколку клучни министерства, вклучително и министерството за финансии. Најголемата опозициска партија своето учество во Владата не го искористи за зголемување на довербата во избирачкиот процес, како што е предвидено со договорот. Сосем спротивно, фокусот го стави на блокирање на институциите и правење што поголема штета за државата“, велат во официјалниот допис од Владата.
Надворешниот пак е поврзан со искуствата на ЕК во претходните процеси на проширување, каде масовно се финансираа инфраструктурни и други проекти преку пристапни или подоцна структури фондови во нововлезени земји.
„Ефикасноста во тие трошења предизвика многу аларми. Како последица, со новите инструменти за пристапна помош предвидени се повеќе рестрикции, кои ги ограничуваат обемот и областите на прилив на европски фондови, согласно тековните планирања, трошења и приоритети. Согласно поуките од минати грешки во прошрувањето со други земји, денес приливот на средства е многу порестриктивен, велат од Владата.
Слично
