Економија, финансии, бизнис

Контакт

Влада по средбата со СОНК: К-15 ќе се исплаќа од 2023

Влада по средбата со СОНК: К-15 ќе се исплаќа од 2023

Владата по состанокот со СОНК, на кој се договорија за зголемување на платите за наставниците и останатите вработени кои штрајкуваат за 12 отсто, соопшти дека следува и усогласување на гранскиот колективен договор во него да биде вклучена и редовната исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15.

Тој ќе започне да се исплаќа од 2023 година, откако претходно ќе биде потпишан општиот колективен договор со јавниот сектор, соопштија од Владата.

- Владата и СОНК постигнаа согласност за зголемување на платите во основното и средното образование и во детската заштита. Денешниот договор вклучува согласност за почеток на наставата и почеток на работата на градинките од среда, 27 април, откако утрешниот ден претставниците на претседателството на СОНК и регионалните советници ќе ги информираат вработените во образованието и во детската заштита за постигнатиот договор, објавија од таму.

Со состанокот претседавал премиерот Димитар Ковачевски, и на кој учествуваа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. СОНК бил претставен од претседателот Јаким Неделков, придружуван од членови на синдикатот и од Сузан Флокен, директорка на Европската конфедерација на синдикати за образование.

„Денешниот договор меѓу Владата и СОНК вклучува и заедничка соработка на креирањето на методологија за раст на платите која треба да биде завршена до крајот на оваа година и којашто ќе се применува од 2023 година, а која ќе е предмет и на општиот колективен договор“, додава Владата.



Слично

Поврзани вести