Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЛАДА: На неопределено време ќе се вработат над 3.000 лица

ВЛАДА: На неопределено време ќе се вработат над 3.000 лица

Од Владата денеска соопштуваат дека е усвоен предлог законот за трансформација во редовен работен однос.

Имено како што наведуваат со Законот за трансформација во редовен работен однос се обезбедува решавање на статусот на неколку илјади лица кои се ангажирани по основ на волонтерски договори, договори за дело, авторски договори или друг вид на договор во органите на државната власт, установите од областа на културата, образованието, здравството, детската и социјалната заштита основани од Република Македонија и единиците на локална самоуправа, како и јавните претпријатија, заводите, фондовите и други правни лица чиј основач е Република Македонија.

Владата одлучи овие лица кои подолго време извршуваат значајни работи во институциите во кои се ангажирани да го остварат правото на редовен работен однос. На ваков начин едновремено се зголемува нивната одговорност во извршувањето на работните обврски и задачи, а од друга страна се обезбедува и адекватно социјално осигурување (пензиско и здравствено) на овие лица и остварување на сите права од редовен работен однос, што се разбира ќе влијае позитивно и на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста на трудот.

Со законот се предвидува сите лица кои биле ангажирани во работен однос кој не бил од траен карактер, односно не биле редовно вработени, а биле ангажирани во таков работен однос најмалку 3 месеци и тоа заклучно со 30.11.2014 година а и во моментов се активно ангажирани на работа во институциите, да можат да го остварат правото за засновање на редовен работен однос, односно работен однос на неопределено време.

Имплементацијата на овој закон ќе започне веднаш по изгласувањето на законот во Собранието и неговото стапување во сила. Со денот на стапување на сила на овој закон, институциите се должни во рок од 30 дена да склучат договори за редовен работен однос со ангажираните лица, велат од Владата.

Слично

Поврзани вести