Влада: Компаниите, градските и општинските власти итно да обезбедат греење за граѓаните
Владата ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да да обезбедат соодветно зафревање во домовите на граѓаните на Град Скопје.
„Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти“, соопштуваат од Владата.
Жителите од Скопје Север и Топанско Поле револтирани велат редовно си ги плаќаат фактурите, а веќе два дена Топлификација Скопје Север не испорачува греење. Од компанијата велат дека се соочува со енормно високата цена на природниот гас Од Скопје Север АД се надеваат дека проблемот наскоро ќе се реши и жителите ќе добијат греење.
Од Општина Чаир потврдија дека имаат долг кон топланата, кој ќе го платат во понеделник, но дека тоа нема да го реши проблемот.
Од Владата велат дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената парното греење во Скопје од овој месец е зголемена за 14 отсто.
