Влада: Груевски на покана на Ердоган одмара во Турција
Премиерот Никола Груевски со своето семејство се наоѓа на летен одмор во Република Турција, соопшти денеска неговиот Кабинет. Според објавените информации, Груевски е на одмор во Турција на покана на турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.
Одморот ќе му трае 10 дена, почнувајќи од 9 август. „Македонскиот премиер и неговото семејство ќе го поминат одморот на две места, едното во близина на Бодрум, другото во близина на Фетије, по половина од времето“, соопштија од Кабинетот на Груевски..
Слично
