Влада „Дура“ не е банкротирана компанија
ДУРА е веќе оперативна во нашата земја, ВМРО-ДПМНЕ да не ја лаже јавноста и да ги поддржи инвестициите кои вработуваат дури до 1000 наши граѓани, реагираше попладнево Владата отккако медиуми блиски до опозицијата објави дека од „Илинденска“ носат банкротиран странски инвеститор во Македонија.
Ваквиот развој на настаните следуваше откако денеска премиерот Зоран Заев и вицепрмеиерот за економски прашања Кочо Анѓушев објавија дека Дура донела одлука да отвори уште две фабрики во Македонија.
„Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира манипулациите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата ДУРА. Не се точни и целосно се манипулативни изнесените информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се вели дека ДУРА била банкротирана компанија. ДУРА е компанија гигант која своите операции во Северна Македонија ги извршува преку британска холдинг подружница и во земјава веќе има оперативна фабрика во која ќе бидат ангажирани 1000 вработени. За повеќе информации и факти јавноста ќе биде информирана и директно од компанијата ДУРА“, се вели во реакцијата на Владата.
Претходно онлајн-медиуми пренесоа дека Заев промовирал нова инвестиција од страна на водечка светска компанија во автомобилскиот сектор „Дура аутомотив системс“, но нивните информации велат дека оваа компанија е банкротирана.
