Вкупно 7.000 работници примаат помалку од минимална плата
И покрај законската обврска, најмалку 7.000 работници се обесправени - земаат помалку пари од минималната плата месечно, покажуваат податоците на Државниот инспекторат за труд.
Сепак инспекторите потврдуваат дека се чести случаите во кои се немоќни, во кои работникот зема повеќе од минимална плата на хартија, но потоа разликата треба да му јха врати на газдата.
По спроведените инспекции, 1015 работодавачи се вразумиле и ја исплатиле минималната плата, а 115 газди ќе треба да платат глоби.
Дури 38.000 работници во државава земаат минимална плата која изнесува 8.800 денари. Од март догодина минималецот треба да се зголеми на 9.590 денари.
Во обид да ги принуди работодавачите да го почитуваат законот, Владата предложи и законски измени со кои ги зголемува казните за неисплата на минимална плата.
Од 6.000 до 7.000 евра казна ќе мора да плати работодавачот, а дополнително меѓу 3.000 и 4.000 евра одговорното лице доколку фирмата исплаќа пониска плата од минималната на своите вработени.
Слично
