Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вкупно 41 илјада граѓани побараа отпис на долгови

Вкупно 41 илјада граѓани побараа отпис на долгови
Вчера истече крајниот рок до кој граѓаните од социјално ранливи категории можеа да се пријават за да ја искористат мерката за еднократен отпис на долгови. До истекот на крајниот рок, се пријавиле речиси 41 илјада граѓани во центрите за социјална работа низ Македонија. Сите тие се надеваат на отпис на долговите за неплатени сметки и рати од кредити. Специјална комисија сега ќе ги анализира нивните барања, односно дали тие ги исполнуваат потребните критериуми за простување на долговите. Целата постапка се очекува да трае до крајот на овој или почетокот на наредниот месец, кога треба да бидат издадени првите решенија. Тогаш ќе биде познато и колкава сума на долг ќе се отпише.
Слично

Поврзани вести