Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВКУПНО 15: Ова се компаниите кои ќе прават пари од канабис во Македонија

ВКУПНО 15: Ова се компаниите кои ќе прават пари од канабис во Македонија

Лиценца да водат бизнис со канабис за медицински цели добија 15 компании а постапката на избор траела шест месеци.

Како што пишувавме инвестицијата е над 40 милиони евра а градовите во кои се оди овој бизнис кој е прилично исплатлив и носи голема заработка се Скопје, Кочани, Валандово, Струмица, Гостивар и Карбинци.

Владата ги додели лиценците а ова се фирмите кои ги добија:

Фармароли во Скопје, Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар,, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.

Во нив работат околу 300 луѓе.

Слично

Поврзани вести