Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во јуни е зголемена за 27, 2 проценти

Вкупниот откуп и продажба на земјоделски производи во јуни е зголемена за 27, 2 проценти

Вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јуни 2013 година изнесува 873 851 илјади денари што претставува зголемување за 27.2 проценти во споредба со јуни 2012 година, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 2.6 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 44.9 проценти.

Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај: зеленчукот, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи, додека намалување се забележува кај: житата, индустриските и фуражните растенија, овошјето, млекото и рибата.

Слично

Поврзани вести