Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вкупната стапка на инфлација во скоро 80 земји може да се движи од пет до 10 отсто

Вкупната стапка на инфлација во скоро 80 земји може да се движи од пет до 10 отсто

Рекордно ниво на инфлација има во светот првпат од почетокот на векот, предупреди еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон во интервју за францускиот информативен канал ЛЦИ (LCI).

Последен пат слична инфлација имало пред 40 години, во 80-те години на минатиот век.

Еврокомесарот забележа дека инфлацијата почнала да се зголемува уште пред конфликтот во Украина.

„Првпат од почетокот на векот гледаме такво ниво на инфлација. Тоа е глобален феномен, посилен во САД, отколку во Европа“, истакна Бретон.

Францускиот портал Статиста (Statista) објави дека просечната инфлација во светот е 7.4 отсто. Но, во некои земји процентот на инфлација може да биде значително повисок, поради локални фактори. Вкупната стапка на инфлација во скоро 80 земји може да се движи од пет до 10 отсто во текот на годината, пишува Статиста.

Инфлацијата во Франција, како и во сите земји во светот, расте, поттикната од зголемените цени на храната и енергијата. Од овие причини неколку француски градови почнаа да делат ваучери за храна како компензација на жителите за зголемените цени на храната.

Слично

Поврзани вести