ВКРСТЕНО ИНТЕРВЈУ: Анѓушев не делел ист став за персоналецот, Азески вели дека тој закон е грешка
Од годинава на сила е даночна реформа, промени во данокот на личен доход, но има измени и на данокот на добивка, а се наплатуваат поголеми придонеси.
Коментар на овие измени како стопанственик даде вицепремиерот за еконосмки прашања Кочо Анѓушев а став кажа и првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески во вкрстеното интервју кое го објави Фактор.
-Точно е, јас немав ист став за персоналниот данок, особено првично кога идејата беша лимитот да биде 700 евра. Јас реков дека тоа е прениско и дека ќе ги тангира сите професионалци, средната класа, значи младите инженери, доктори, ИТ експерти. Секако имавме внатрешна дискусија, но тоа го кажавме и јавно-вели Анѓушев.
Од друга страна пак, Азески вели дека методолшки Владата падна.
-Мислам дека знае дека направи грешка и мислам дека нема да се повтори. Ако седневме ќе понудевме решение кое Владата би го прифатила и ќе се постигнеше еднаков ефект. Се извртува реалноста и нашето барање да бидеме консултирани се извртува како отпор на посиромашните да им се даде некаква можност за зголемување на нивните приходи. Не е точно ние сме одговорни и не би сакале дека се сфати дека дека имаме отпор затоа што тоа ќе оди на штета на газдите-вели Азески.
Целото вкрстено интервју читајте го ОВДЕ.
