Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВКЛУЧЕН И БЛОК 2 НА РЕК БИТОЛА: Има ли јаглен?

ВКЛУЧЕН И БЛОК 2 НА РЕК БИТОЛА: Има ли јаглен?

Блок 2 на РЕК Битола синоќа во 2:45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Република Северна Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од Блок 1, информираа денеска од комбинатот.

Додаваат дека има доволно јаглен.

„На депонијата за јаглен во РЕК Битола во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се  зголемуваат во континуитет. Стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена, соопштија од РЕК Битола.


Слично

Поврзани вести