Вклучен црвен метео аларм во Белград и други делови од Србија
Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) во Србија објави дека денес е на сила црвена временска тревога во областа на Белград, западна Србија, Шумадија, Поморавје и источна Србија поради снег и замрзнат дожд.
Според прогнозата на РХМЗ, денес се очекува екстремно ладен ден во северозападна Србија со највисока дневна температура под нулата и главно снежни врнежи со понатамошно, помало зголемување на висината на снежната покривка. Во другите области, главно ќе врне дожд кој ќе замрзнува на теренот, особено во централниот појас на земјата - од јужна Бачка, Срем, западна и југозападна Србија, низ Белград, јужен Банат, Шумадија, Поморавље и Хомоље, поисточно - Тимочка и Неготинска Краина.
Потопло време со дожд се очекува на југ и југоисток од Србија. Се очекуваат слаби и умерени ветрови, североисточен на север, а јужен и југоисточен во остатокот од земјата, кои повремено ќе бидат силни во планинските области на источна Србија.
Највисоката температура ќе се движи од -1 до 3 степени Целзиусови, а на крајниот југ и југоисток ќе биде потопло - од 7 до 12 степени.
Во областа на Белград ќе биде облачно и студено, со повремен слаб снег наутро, преку ден со дожд кој локално ќе замрзнува на земјата со најголем ризик од мраз наутро и пред пладне, како и доцна навечер. Слаб и умерен југоисточен ветер, западен и северозападен ветер навечер
Температурата ќе биде без поголеми осцилации, од -2 до 0, а снег се очекува повторно во текот на следната ноќ.
