Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Бахами ја признаа независноста на Косово. 

„Бахами е 121 земја, која го призна Косово како независна и суверена држава“, изјави денеска претседателката Вјоса Османи.

Таа наведе дека во главниот град на Бахами, Насау потпиша Договор за признавање и воспоставување на дипломатски односи со карипската држава.

Тоа е четврто признавање на Косово годинава. Инаку, Косово годинава го признаа Сирија, Судан и Кенија.

На 17 февруари 2008 година, Косово еднострано прогласи независност од Србија.

foto Facebook/Vjosa Osmani

Слично

Поврзани вести