Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вјоса Османи нема да дозволи автономија на српските општини

Вјоса Османи нема да дозволи автономија на српските општини

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека нема автономија за српските општини и дека нема да дозволи да се прекрши Уставот. 

Османи за приштинските медиуми изјави дека Косово веќе има гаранции дека Уставот нема да биде прекршен, пренесува Бета.

„Морам да ја спомнам и американската позиција која е утврдена во писмена форма, а која меѓу другото е дополнителен водечки принцип во чекорите што претстојат. Нашата земја има гаранции дека нема да се прекрши Уставот и ќе ги искористиме сите тие гаранции да го заштитиме интересот на државата“, посочи Османи.

Првиот принцип вели е Уставот на Косово, така што „автономијата не може да биде надвор од Уставот“, а како втор принцип ја спомена одлуката на Уставниот суд од 2015 година и другите начела утврдени од Собранието, кои како што наведе таа, „се однесува на зачувување на интегритетот и суверенитетот на земјата и внатрешната функционалност позната како принцип на унитарност“. Србија инсистира да се формира Заедница на српските општини. И Западот повторува дека Косово треба да ја исполни таа обврска. 

Слично

Поврзани вести