Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вјоса Османи не сака Република Српска на Косово

Вјоса Османи не сака Република Српска на Косово

Да се избегне модел на ЗСО кој би наликувал на Република Српска, вели косовската претседателка Вјоса Османи. 

Таа денеска изјави дека Приштина е подготвена да направи повеќе за Србите да се чувствуваат рамноправни, да бидат слушнати и да се чувствуваат вклучени, но дека, кога се работи за Заедницата на српските општини (ЗСО ), рече дека „мора да бидеме крајно внимателни за да избегнеме каков било модел што би наликувал на Република Српска“.

Таа за Дојче Веле изјави дека Белград е одговорен за ситуацијата на северот на Косово и дека српскиот претседател Александар Вучиќ се враќа на „старата стратегија“ во која, како што вели, создава криза по криза.

Османи смета дека апсењето на тројцата косовски полицајци е едно од последните прекршувања на Охридскиот договор и воено-техничкиот договор од 1999 година, за што го обвинува Белград.

„Во северниот дел на Косовска Митровица имало вистинска воена опсада“, вели директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, јави дописничката на МИА од Белград. Тој рече дека српските власти не гледаат начин за продолжување на дијалогот. 

Тој кажа дека косовскиот премиер Албин Курти постојано провоцира и дека цело време сака да започне конфликти и војна.
Односите Белград - Приштина пак се во ќорсокак. Србите бараат нови избори на северот, но и формирање на Заедницата на српски општини. Повеќе од 10 години Косово избегнува да ја формира Заедницата на српски општини. 
foto facebook

Слично

Поврзани вести