Економија, финансии, бизнис

Контакт

Визи ќе нема, ама економијата треба да се подобрува!

Визи ќе нема, ама економијата треба да се подобрува!
Нема укинување на безвизниот режим за земјите од западен Балкан. Ова е заклучокот од неколкучасновната дискусија за проблемот околу лажните азиланти од земјите од западен Балкан на состанокот на Советот за внатрешни работи и правда на Европската унија во Луксембург, јави Телма. Министрите се договорија во иднина Европската комисија заедно со земјите чии граѓани уживаат во слободното движење низ Унијата да работи одблиску во надминувањето на овој проблем. Европската унија со години наназад апелира до земјите од регионот да ги засилат инвестициите особено во оние делови од државите од каде доаѓаат најголем број на азиланти. Во Македонија досега беа посочени два такви пункта, Липково и Шуто оризари. Во игра останува опцијата за воведување на заштитна клаузула што би овозможила лесна суспензија на безвизниот режим за земјите од западен Балкан како начин за спречување на бранот лажни азиланти, но за  тоа да се случи ќе треба да се покренат неколку европски механизми и институции.
Слично

Поврзани вести