„Визер“ лета од Скопје до три нови дестинации
Нискобуџетниот авипревозник Визер од март воведува три нови дестинации.
Од Скопје директно до Берлин, Братислава и Копенхаген два пати во неделата.
Билетите се пуштени во продажба и почнуваат со цени од 599 денари.
Од менаџментот на Визер видно возбудени ги најавиja трите нови авиолинии.
Оттаму искажаа верба дека и овие три нови дестинации ќе бидат исто толку популарни како и другите 21 со кои оперираат во македонската мрежа.
Тамара Мешвениераџе од „Визер“ изјави дека билетите за новите маршрути се веќе во продажба од денес.
„Визер“ од македонските аеродроми лета до 24 дестинации кон 11 земји а поврзува 115 дестинации низ 38 земји.
Слично
