„Виз Ер“ ја одложи нарачката на 88 авиони од „Ербас“ за три години
Унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Виз Ер“ соопшти дека ја одложил испораката на 88 авиони што ги нарачал од „Ербас“, првично закажана за 2030 година, за 2033 година.
„Иако преостанатиот список на нарачки на „Виз Ер“ од 273 авиони останува непроменет, овој ревидиран договор го прилагодува распоредот на испорака за да се усогласи со поодржлива и профитабилна траекторија на раст на капацитетот“, соопшти авиокомпанијата.
Во последните месеци, нискобуџетниот авиопревозник објави повлекување од одредени пазари.
Во септември, објави целосно повлекување од Австрија.
Неколку месеци претходно, во јули, „Виз Ер“ објави повлекување од својата база во Обединетите Арапски Емирати, наведувајќи недостаток на профитабилност и нестабилност на Блискиот Исток.
„Виз Ер“ моментално управува со флота од 249 авиони „Ербас“, А320 и А321.
Основана во 2003 година, „Виз ер“ е седмата најголема европска авиокомпанија по број на дневни летови, зад „Ер Франс“, но пред „Бритиш ервејс“, според податоците од агенцијата за контрола на воздушниот сообраќај „Еуроконтрол“ од почетокот на јуни.
Н1.рс