Витаминка со добивка од 1 милион евра
Прехранбената компанија Витаминка ја зголеми добивката во првите девет месеци од годинава. Според неревидираниот финансиски извештај од јануари до септември Витаминка оствари оданочена добивка од 62.917 илјади денари (1.023.014евра) што е зголемување од 101% во споредба со истиот период лани.
Од компанијата објаснуваат дека растот на нето добивката е резултат на зголемените оперативни приходи за 3,5% во споредба со истиот период лани. Се забележува благо намалување на приходите од продажба за 1%, при што продажбата на домашниот пазар е зголемена за 1,7%, додека на странските пазари има опаѓање за 5% во споредба со истиот период лани. Во истиот период, Витаминка успеа да ги намали оперативните расходи.
Останатите индикатори, трошоци и показатели го следат трендот на зголемена реализација во третиот квартал 2012 година во споредба 2011 година, се вели во соопштението од компанијата.
Слично
