Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Витаминка“ оствари добивка од 550.000 евра

„Витаминка“ оствари добивка од 550.000 евра

Официјалните неревидирани податоци покажуваат дека прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ оствари добивка од 550.000 евра од работењето за првите шест месеци годинава. Споредбата со вкупните приходи од продажба покажува дека профитната маргина на „Витаминка“ изнесува 4,5 отсто.

Според достапните податоци, оваа компанија за првите шест месеци успеала од продажба на своите продукти да оствари приход и во вредност од 757,76 милиони денари (повеќе од 12,3 милиони евра) што значи дека просечно месечно „Витаминка“ продава продукти во вредност од 2 милиони евра, а прави профит од 91.700 евра. Во билансот на состојба може да се забележи дека компанијата повеќе побарува одошто должи. Во првото шестмесечје таа компанија побарува од своите клиенти 271 милиони денари, а од друга страна на своите добавувачи должи 150,2 милиони денари, објави порталот „МКД“.

Од достапните податоци во структурата на расходи се гледа дека најголема трошочна ставка се потрошените материјали и ситен инвентар со вредност од 404 милиони денари. Потоа следуваат сите останати оперативни расходи со над 120,8 милиони денари и трошоците за вработените кои за 6 месеци изнесуваат 106,7 милиони денари.

Слично

Поврзани вести