Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Витаминка“ изгубила 10 отсто од продажбите на домашен пазар

„Витаминка“ изгубила 10 отсто од продажбите на домашен пазар
Падот на продажби на домашен пазар компанијата го компензирала во значајна мерка со раст на извозот, така што вкупниот приход од продажби е понизок за само 2 отсто во однос на истиот период лани. Од билансите е видлив силен раст на обврските и тоа за 35 отсто во однос на истиот период лани Прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ изгуби 10 отсто од продажбите на домашен пазар во првата половина на годинава во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците од билансот на успех што го објави таа компанија. Вкупните приходи од продажба на „Витаминка“ за половина година се 794 милиони денари и се за 2 отсто пониски од приходите во истиот период лани. „Витаминка“ на домашен пазар продала стоки во вредност од 411,74 милиони денари што е за 45,1 милиони денари послабо од лани. Овој кусок во солидна мерка компанијата успеала да го компензира со раст на продажбите на странски пазари. Надвор компанијата продала стоки во вредност од 382,3 милиони денари што е за 32 милиони денари повеќе од продажбата за истиот период лани. Првата половина од годинава „Витаминка“ направила профит од 43 милиони денари што е за 3 отсто подобар резултат од лани. Профитот е 6 отсто од сите приходи од продажба кои компанијата ги генерирала за првата половина од годинава. Слаб втор квартал на домашниот пазар Споредбата на податоците по квартали покажува дека годинава вториот квартал на домашен пазар „Витаминка“ има пад на продажбата во однос на првите три месеци годинава. В периодот април-јуни „Витаминка“ на домашен пазар продала стоки вредни 193,2 милиони денари што е за 25 милиони денари помалку од продажбите за првите три месеци. Наспроти тоа нејзините пласмани на странските пазари во вториот квартал биле за 62 милиони денари подобри во споредба со продажбите во првиот квартал годинава. Продажбата паднала 13,3 милиони денари, а расходите пократки само 4 милиони денари Оперативните расходи на „Витаминка“ за првото полугодие се пониски само за 1 отсто во однос на истиот период лани односно за 4 милиони денари. Тие во иста мерка не го следат падот на приходот од продажби кој е понизок за 13,3 милиони денари. На расходната страна процентуално најголем зголемување има кај трошокот за амортизација на материјални и нематеријални средства и тоа за 23 отсто односно 13 милиони денари. Од најзначајните ставки намалување за 3 отсто односно 11 милиони денари има кај трошоците за суровини и други материјали до износ од 405 милиони денари. Кај трошоците за вработени речиси и да нема поместување во однос на лани. Обврските пораснале за 35 отсто Од билансот на состојба може да се види дека компанијата на крајот на јуни има за 35 отсто односно за 116 милиони денари. Тенеднција на раст има и кај долгорочните и кај краткорочните обврски. Обврските спрема добавувачите пораснале за 16 милиони денари до 138,9 милиони денари, а обврските за долгорочни кредити пораснале за 46 отсто односно за 64,6 милиони денари. Од билансот на состојба е видливо и тоа дека акумулираната добивка на компанијата на крајот на јуни годинава е помала за 36,7 милиони денари во однос на крајот на јуни минатата година. Р.Ф.  
Слично

Поврзани вести