Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вистинските сопственици на фирмите ќе се знаат дури по една година

Вистинските сопственици на фирмите ќе се знаат дури по една година

Вистинските сопственици на сите фирми во Македонија ќе бидат познати во Централниот регистар од 1 октомври следната година. Секое физичко лице при иницијална регистрација ќе потпишува и изјава за сопственост на удели во други субјекти. Покрај новите, тоа ќе треба да го прават и постојните поединци кои имаат сопственбост над правно лице.

Целта е спречување перење пари и да не може да се префрлаат средства од едни на други правни лица, според новите законски задолженија.

– Имаме законска обврска до 1 октомври идната година да го имплементираме регистарот на вистински сопственици. Се уште се работи на правилникот и на сите останати мерки што треба да се имплементираат, а работиме заедно со Управата за финансиско разузнавање и финансирање тероризам - најави  Марија Бошковска-Јанкоски, директорка на Централниот регистар на Република Македонија, на одбележувањето 16 години работа на оваа институција.



Слично

Поврзани вести