Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вистинската причина за несреќата кај Кожле тешко ќе се открие-авионот нема црна кутија!

Вистинската причина за несреќата кај Кожле тешко ќе се открие-авионот нема црна кутија!

Тешко ќе се открие вистинската причина која доведе до пад на приватниот авион кој вчера попладне се урна кај село Кожле.

Овие авиони немаат црна кутија па затоа претпоставките се дека вистината, што доведе до уривање на авионот ќе се открие се многу мали.

Шест човечки животи згаснаа во регионот кој според експертите е црна точка на воздушната траса за слетување која сепак е одобрена и прогласена за безбедна.

Како што соопштивме, увидните екипи кои ја водат истрагата ги пронајдоа сите шест тела на загинатите патници во авионот пејпер.

Загинаа пет мажи и една жена.

Авионот го управувал пилотот Франческо Монтањер, претседател на аероклубот во Тревизо, а во него биле уште потпретседателот на клубот, Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, Италијанката Илариа Берти, Ангело Калегари и Косовецот со италијански пасош, Висар Бегај.

Слично

Поврзани вести